homepage contact
     
     
ОПШТО ЗА ЦЕЛОР

 

Центарот за локален развој – ЦЕЛОР е домашна невладина, независна и непартиска организација која е основана во Скопје (јули 2006 год.), од страна на група граѓани (инженери на животната средина), со основна идеја за давање поддршка и услуги на граѓанското општество и придонес кон економскиот развој, социјалната добробит и заштита на животната средина. Организацијата дејствува и работи на локално, национално и меѓународно ниво.
  Центарот за локален развој, помага на граѓаните, граѓанските здруженија, локалните заедници, локалната самоуправа и бизнис секторот (малите и средни претпријатија) во нивните активности за изнаоѓање прифатливи алтернативи во решавањето на нивните проблеми, изготвување на планови, програми и активности кои ќе водат кон подобрување на условите на живеење и градење на одржливи заедници.
> Мисија

 

Центарот за локален развој - ЦЕЛОР е насочен кон развојот на граѓанското општество и градењето на капацитетите на локалните заедници во постигнување на значителни социјални и економски придобивки и заштитата на животната средина во склад со концептот на Одржлив Развој.
Ние се стремиме кон постигнување на нашата мисија преку:
• Учество на јавноста;
• Поддршка, лобирање и застапување;
• Промовирање, поддршка и реализирање на иницијативи за развој на локалните заедници;
• Зајакнување на капацитетите и потикнување на соработката помеѓу здруженијата на граѓани, локалната самоуправа, бизнис секторот и другите заинтересирани групи.

> Стратешки Цели

 

• Градење на капацитетите на здруженијата на граѓани локалната самоуправа и бизнис секторот во склад со одржливиот развој;
• Зајакнување на соработката помеѓу сите општествени чинители на локално ниво и национално ниво;
• Застапување и лобирање за прашања поврзани со граѓанскиот сектор и локалниот равој;
• Градење на капацитетите на локалните заедници за решавање на нивните проблеми;

> Пристап
 

• Вклучување на сите општествени чинители во процесите на донесување на одлуки на локално ниво;
• Почитување на индивидуалните, социјалните, етничките, родовите и религиозните разлики меѓу луѓето;
• Дејствување во пријателска, позитивна и неформална атмосфера во работата и во односите со општествените чинители;
• Фокусирање на градењето на капацитетите на индивидуалните организации и институции на локално ниво;
• Употреба на оригинален, квалитетен и проверен пристап, методологии и модели за решавање на проблемите на локално ниво;

> Структура
 

Центарот за Локален Развој - ЦЕЛОР е правно регулирана организација, преку својот Статут и регистрирана според постоечкиот Закон за здруженија на граѓани и фондации, со седиште во Скопје. Тоа е професионална невладина организација со преку 20 членови во Собранието и со постојан опреративен персонал.
Највисок орган на ЦЕЛОР е Собранието, кое е составено од сите членови, вработени и приправници на ЦЕЛОР. Собранието ги избира членовите на Извршниот Одбор и Надзорниот Одбор како и Претседателот на ЦЕЛОР. Претседателот воедно го води Собранието и Извршниот Одбор во исто време.
Заради остварување на својата работа ЦЕЛОР, организациски има своја служба која е составена од две главни Одделенија (Проектно одделение и Одделние за поддршка). Проектното одделение е организирано во 3 Единици (Економски развој, Социјала и граѓани, единица за животна средина), додека Одделението за поддршка е организирано во две Едниници (Администрација и Финансии). Со службата на ЦЕЛОР раководи Извршен Директор назначен од страна на Извршниот Одбор, кој ги координира и застапува активностите и работата на ЦЕЛОР.


> Административни процедури

ЦЕЛОР има свој интерен Правилник за Работа, кој ja oпфаќа организационата поставеност и оперативната политика на организацијата во форма на прирачник. Тој им овозможува преглед на целиот персонал на ЦЕЛОР за нивните задолженија, правила и регулативи со врз основа на кои Центарот ги имплементира своите активности и својата работа.
Центарот за Локален Развој е проектно ориентирана организација. Затоа ЦЕЛОР силно го почитува правилното управување со проектниот циклус, базирно на сет од повеќе или помалку стандардизирани актнивности и процедури во изведувањето на проектните активности. За оваа цел ЦЕЛОР има развиено и усвоено (за интерна употреба) правилник за Процедури, Управување со Проекти и Прибирање на финансиски средства
.

 

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани