|
 |
ЦЕЛОР е проектно ориентирана организација, која изработува и нуди услуги во управување со проектен циклус, преку анализа на проблеми и оценка на потребите за отпочнување на проект, припрема на предлог проектна документација, имплементација на проектот, набљудување и оценка на имплементација на проекти, подготовка на проектни извештаи како и административно и финансиско управување со проекти. |
| |
|
|
 |
Заради подобро управување на ресурсите во заедниците, организациите, институциите и компаниите потребно е да се изготват оперативни стратешки докменти со конкретни акциони планови. Тимот на ЦЕЛОР нуди услуги во изготување на стратешки документи со акциони планови како што се ЛЕАП-и, Локална Агенда 21, планови за управување со отпадот, управување со водните ресурси, развојни планови, планови за управување со ризик итн. Исто така ЦЕЛОР нуди услуги во изготвување на бизнис и маркетинг планови за бизнис секторот, како и планови за градење на капацитетите на организациите. |
| |
|
|
 |
Едукацијата и обуките се едни од главните активности и услуги кои ги нуди ЦЕЛОР. Во зависност од потребите за градење на капацитетите на заедниците, граѓанските здруженија, локалните самоуправи и бизнис секторот, Центарот за локален развој развива планови за реализација и оценка на програми за обуки и едукативни активности на различни теми кои се поврзани со одржливиот развој, градење на капацитети, управувањето со природните ресурси и заштитата на животната средина. |
| |
|
|
 |
ЦЕЛОР нуди услуги во организирање на конференции, работилници, семинари, трибини, дебати, презентации и кампањи, преку целосна логистика за организација на различни настани. Покрај тоа нудиме техничка помош при изготвување на анкети и истражувања, припрема на репрезентативни материјали, подготовка на печатени материјали и изготвување и хостирање на web-страни. |
| |
|
|
 |
Заради промовирање на одржливиот локален развој ЦЕЛОР нуди услуги и активности за промовирање, застапување и лобирање за проблеми и решенија кои се поврзани со одржливиот развој и подобрување на условите за живот на заедниците и граѓаните, притоа нудејки техничка, логистичка и стручна помош за постигнување на интересите за одржлив развој на заедниците и граѓаните, преку вклучување и анимирање на јавноста, градење на соработка и партнерства, креирање на јавни политики и пристап до информации. |
| |
|
|
 |
Со стапување на новата законска регулатива за животна средина сите компании сопственици на инсталации дефинирани според Законот за животна средина се задолжени да приготват Барања за интегрирани еколошки дозволи, во зависност од капацитетот на инсталацијата тие се поделени на А и Б интегрирани еколошки Дозволи. Тимот на ЦЕЛОР стои на располагање за изготвување на целосната документација за поднесување на Барање за издавање на ингегрирани еколошки дозволи или барања за усогласување со оперативен план за постоечките инсталации. |
| |
|
|
 |
Според законската регулатива, инфраструктурните проекти опфатени со Законот за животна средина, пред изведбата се задолжени да изготват Студија за оценка на влијанието врз животната средина (EIA – Environmental Impact Assessment). ЦЕЛОР располага со обучен кадар за изготвување и техничка помош при подготовката на EIA Студии. |
| |
|
|
 |
Контролата на загадувањето и влијанието врз животната средина се набљудува преку системи за управување. Во зависност од потребата и типот на системите за управување со животната средина, развиени се неколку модели за управување. ЦЕЛОР нуди услуги за имплементација на EMAS (Eco-management and audit scheme) системи кои првенствено се наменети за компаниите, како и системот на ISO со имплементација ISO 14000 стандардите и дизајнирање на системи за надворешен и внатрешен мониторинг на животната средина. |