homepage contact
     
     

 

Формирање на Платформа за соработка помеѓу корисниците на грантови од ГЕФ ПМГ Македонија: анализа на минати/сегашни резултати и препораки за идно стратешко планирање на ГЕФ ПМГ Македонија

Во рамките на ГЕФ програмата за Мали Грантови има предвидено финансиска поддршка за проекти кои ќе бидат фокусирани на  Подготвителни/Специјални проектни теми односно, за градење на капацитетите, размена на информации и искуства, оценување на проектни активности, обуки, консултации, консолидација на граѓанското општество  и локалните заедници за работење во централните области на ГЕФ ПМГ итн. и консултации за развивање – консолидација на граѓанското општество.

Центарот за локален развој – ЦЕЛОР како здружение на граѓани според своите програмски определби, во главно е фокусиран на градење на капацитетите на локалните заедници односно помага на граѓаните, граѓанските здруженија, локалните заедници, локалната самоуправа и бизнис секторот (малите и средни претпријатија) во нивните активности за изнаоѓање прифатливи алтернативи во решавањето на нивните проблеми, изготвување на планови, програми и активности кои ќе водат кон подобрување на условите на живеење и градење на одржливи заедници. Притоа водејки се со основна идеја за давање поддршка и услуги на граѓанското општество и придонес кон економскиот развој, социјалната добробит и заштита на животната средина.

Една од целните група кон која е фокусирана работата, активностите и услугите на ЦЕЛОР се здруженијата на граѓани и граѓанското општество преку: поддршка за вклучување на граѓанските здруженија во процесите на донесување на одлуки од јавен интерес; поддршка и градење на капацитетите на граѓанскиот сектор за мониторинг и следење на работата на институциите; за прибирање на информации и пристап до информации, размена на искуства и знаење; планови за финансиска одржливост на работата на граѓанскиот сектор и пристап до средства; аплицирање и водење на мали проекти од граѓанските здруженија; за давање на услуги на граѓаните; застапување и лобирање за прашања од посебен интерес на граѓаните; градење на партерски односи со Локалната Самоуправа и бизнис секторот; поддршка на граѓанските иницијативи; поддршка и градење на капацитетите за вмрежување и соработка со другите граѓански здруженија на локално и национално ниво и прекугранична соработка; развој на програми за поддршка на граѓанскиот сектор.

Следејки ја имплементацијата на ГЕФ програмата за мали грантови (ГЕФ ПМГ) во Македонија и можноста да се развиваат проекти кои ќе имаа специјална намена, проектниот тим на ЦЕЛОР го развива овој специјален проект во кој

  • Преку проектите ќе се презентира досегашната дво-годишна имплементација на ГЕФ ПМГ во Македонија,
  • ќе се соберат научените лекции и искуства,
  • недостаците и проблемите при имплементацијата на проектите финансирани во рамките на програмата,
  • потенцирање и промовирање на постигнатите резултати,
  • можноста за соработка или надополнување на програмата со други програми од други организации кои имаат за цел да го зајакнат граѓанското општество и заштитата на животната средина,
  • како и препораки и заклучоци за натамошното реализирање на ГЕФ ПМГ во Македонија.

1. Главна Цел:
Поддршка при имплементација на мисијата на ГЕФ ПМГ во Македонија и градење / зајакнување на капацитетите на здруженијата на граѓани корисници на грантови и на идни можни корисници.

2. Конкретни цели:

  1. Основање на мрежа за соработка помеѓу Здруженија на граѓани сегашни корисници на грантови од ГЕФ ПМГ Македонија и Здруженија на граѓани идни потенцијални корисници преку размена на информации, знаења, резултати, активности, научени лекции;
  2. Креирање на Платформа за соработка за можностите, предизвиците и одржливоста од (до)сегашните проекти на ГЕФ ПМГ Македонија наспрема проекти од други програми вклучително и идните проектни активности на „Зелена агенда“ од Милеуконтакт во Македонија;
  3. Зајакнати капацитети на Здруженијата на граѓани за планирање, дизајнирање и спроведување, постигнување и мерење на резултати, следење и оценување доведувајќи до насоки за следни проектни активности;
  4. Градење на капацитетите за подобра имплементација на проектите и евалуација на постигнатите резултати, како и планирање на наредни активности.

3. Опис и содржина на активностите

РЕЗУЛТАТ: сите корисници на грантови од ГЕФ ПМГ Македонија собрани на едно место – дискутираат и носат заклучоци и препораки за реализацијата на програмата;

Во рамките на овој проект ќе биде организирана средба за претставниците (координаторите на проектите) на сите досегашни добитници на финансиска поддршка во рамките на ГЕФ Програмата за мали грантови.

Оваа средба ќе се реализира во рамките на “6-та годишна средба на здруженија на граѓани кои работат во полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој“. Традиционално почнувајки од 2002 година во Македонија секоја година се одржуваат годишни средби на “еколошките“ здруженија на граѓани. Главните, носечки теми на секоја годишна тема се различни, така што оваа година 6-та годишна среба носи наслов “Лобирање и застапување во областа од животната средина и одржливиот развој“ на која како тематските области (панел форуми) кои ќе бидат опфатени: пристап до ЕУ фондови; заклучоци, препораки и насоки од 6-та Министерска Конференција која се одржа на почетокот од октомври 2007; развој на одржливо општество и милениумските развојни цели: цели и насоки за соработка со Парламентарната зелена лоби група и програми за финансирање на активностите на граѓанските здруженија.

Како главен организатор на годишните средби досега биле Milieukontakt и Биосфера од Битола, а оваа година за прв како главен организатор тоа е Македонскиот зелен центар. Како партнери и организатори на тематските области (панел форумите) досега се јавуваа различни здруженија на граѓани за различни тематски области. На овие средби земаат учество на околу 50-тина претставници од здруженијата на граѓани, претставници на државни институции, политичари, новинари итн.

АКТИВНОСТИ

3.1. Центарот за локален развој (ЦЕЛОР) има намера предвидената средба со добитниците на грантови од ГЕФ програмата од овој проект, да ја реализира токму во рамките на 6-та годишна средба на здруженија на граѓани кои работат во полето на животната средина и одржливиот развој. Бидејки оценуваме дека тоа е вистински настан каде што на едно место ќе се соберат претставници од различни здруженија на граѓани, добитници на грантови од ГЕФ Програмата за мали грантови, но и идни потенцијални заинтересирани оргнанизации на кои би била претставена и промовирана програма.
Ваквата предвидена активност од овој проект ќе биде организирана во рамките на тематската област (панел формумот) “Програми за финансирање на активностите на граѓанските здруженија“.

3.2. За организирањето на панел форумот, ЦЕЛОР ќе покани 23 координатори на проекти финансирани во рамките на ГЕФ ПМГ Македонија, 3 координатори на проекти финансирани во рамките на Програмата “Зелена Агенда“ на Милиеуконтакт и претставници на други здруженија на граѓани заинтересирани за двете програми. Вкупниот број на учесници на овој панел ќе бидат 30 претставници на зруженија на граѓани, 2 претставници на ЦЕЛОР (координатор и помошник на проектот), 2 претставници на ГЕФ ПМГ Македонија, 1-2 претставник-ци на Милиеуконтакт. Сите поканети учесници ќе пристигнат на 22 ноември 2007 а ќе заминат на 24 ноември 2007 година.

3.3. Дневниот ред ќе се одвива по следниов распоред: 5-6 минутни презентации на 23 проекти финансирани во рамките на двете програми (ГЕФ ПМГ и Милиеуконтакт; може и други проекти доколку има интерес на лице место; дискусија за размена на искуства, информации и стакнати знаења во текот на реализацијата на проектите; дискусија за проблемите, пречките (внатрешни и надворешни) при подготвувањето и реализацијата на проектните активности; одржливост, препораки, заклучоци и насоки за понатамошно имплементирање на програмата;

3.4. Презентирање на досегашни искуства, стектнати знаења и постигнати резултати
Сите презентации од координаторите на проектите кои ќе бидат презентирани на средбата ќе бидат објавени на веб-страната на ЦЕЛОР и на веб-страната на ГЕФ.

3.5. Изготвување на резиме од досегашното спроведување на програмата со препораки, заклучоци и насоки за идни насоки на дејствување
После завршувањето на средбата (панелот) ќе биде изготвен сеопфатен документ од целата работа за време на средбата (панелот) на добитниците на грантови во рамките на ГЕФ програмата.

3.6. Креирање на мрежа од добитници на грантови за размена на искуства, знаења
По завршувањето на средбата ќе биде изготвена платформа и методологија за формирање на мрежа од добитници на грантови во рамките на ГЕФ програмата за мали грантови.

3.7. Оранизирање на обука за координаторите на проектите за следење и евалуација на проектите и постингнатите резултати;

Набљудувањето и оценувањето се многу важни процеси за здруженијата на граѓани кои раководат проекти. Високи очекувања се соочени со недоволни извори, вршење притисок врз изготвувачите на полиси, раководителите и организаторите. Донаторите, заедниците, корисниците, основачите и самата организација очекуваат квалитет и ефикасност во раководење со ресурсите. Со цел да се исполнат овие очекувања, набљудувањето и оценувањето се најбитните инструменти во раководењето.

На ваквата обука за коориднаторите на проектите тие ќе бидат запознаени со:

а.) Набљудување и оценување на имплементацијата на проектите и постигнатите резултати:

- толкување и разбирањето на поимите набљудување (следење) и оценување (евалуација);
- фазите во набљудувањето и оценувањето;
- кој е надлежен да врши набљудување и оценување;
- систематско прибирање на релавантни податоци и информации за оценување;
- компоненти на набљудувањето и оценувањето;
- инструментите, методи и техниките за набљудување и оценување;
- стратешко набљудување и оценување на постигнатите резултати и нивното долгорчно влијание;
- Придобивките од набљудувањето и оценувањето на проектите;

б.) Подготвување на извештаи

  • Потребни информации кои треба да се содржат  во описните и финансиските формулари;
  • Упатство и насоки за изготвување на извештаи;
  • Како до квалитетен извештај;
  • Барања на донаторот, заедницата, корисниците на проектот во склад со проектните цели и постигнати резултати;
  • Запазување на рокови, услови и одговорности при поднесувањето на извештаите;

Овој Проект финансиски е поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд - Програма за Мали Грантови (ГЕФ/ПМГ)

 

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани