homepage contact
     
     

 

Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија
- издавање на Б интегрирани еколошки дозволи

Оправданост на проектот:
Откако стапија во сила пакетот Закони за децентрализација и Законот за животна средина, општините се здобија со многу нови обврски за кои немаат ниту доволно капацитети ниту пак финансиски средства. Во делот за заштита на животната средина, процесот на издавање на Б интегрирани дозволи / дозволи за усогласување со оперативни планови е една од новите обврски на општините. Општините се соочуваат со проблеми во имплементирањето на оваа нивна законска обврска поради немањето обучен кадар или немање кадар одговорен за прашања поврзани со заштита на животната средина. За да можат да го спроведуваат процесот на издавање на овие дозволи, општините ќе треба да ги зајакнат своите капацитети и треба да имаат ефективна поставеност на нивните административни оддели. Токму поради овие причини, целта на овој проект е да ги обезбеди неопходните обуки на претставници од шест пилот општини. Обуките ќе бидат наменети за персоналот кој работи во одделот за животна средина и ќе се фокусираат на зајакнување на нивните капацитети, со цел имплементирање на законската регулатива. Исто така, акцент ќе се стави и на информирање на компаниите  кои се наоѓаат на територијата на општините, а имаат законска обврска да поднесат барање за Б - интегрирана еколошка дозвола. За понатамошно успешно спроведување на процесот на издавање на дозволите, во рамките на проектот ќе биде подготвен и “Прирачник со процедури за издавање на Б - интегрирани еколошки дозволи”. На крајот на проектот, на општините ќе им бида дадена на располагање целата потребна правна и техничка документација за да процесот полесно се спроведува во иднина.

Цел на проектот:
Главна цел на проектот е градење на капацитетите на општините како резултат на што тие ќе бидат во можност да ја имплементираат законската регулатива поврзана со издавањето на Б дозволите.

Целна група:
Главниот фокус ќе биде ставен на персоналот кој работи во општините и е одговорен за прашањата од областа на животната средина.

Активности на проектот:
Активностите на проектот ќе бидат поделени во три фази:

1. Фаза на започнување на проектот
Проектот ќе започне со одржување на состаноци со сите избрани општини. На секоја посета ќе бидат презентирани активностите на проектот и ќе биде дискутирано за проблемите со кои се соочуваат општините во спроведувањето на законите од областа на животната средина.

2. Фаза на градење на капацитетите
Во втората фаза од проектот ќе биде одржана тридневна обука на која ќе бидат детално разработени: процедурата, содржината на барањето за дозволата, содржината на дозволата и еколошките аспекти на индустриските процеси.

3. Фаза на техничка помош

Во оваа фаза ќе бидат спроведени следните активности:

Овој Проект финансиски е поддржан од Владата на Кралството Норвешка преку Амбасадата во Македонија

 

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани