На 18 март 2008 година во организација на Здружението на Лозоро-Овоштари “Агро-еко“ од Радовиш и Канцеларијата за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Радовиш, во општинската сала се оддржа предавање за новата Програма на ЕУ “Инструмент за пред-пристапна помош за рурален развој (IPARD)“. На предавањето пристустуваа околу 20-тина земјоделци од радовишко-конечкиот регион и истите имаа можност да се запознаат со придобивките кои ги нуди новата IPA програма на ЕУ. Предавач на оваа средба беше Г-дин Столе Георгиев, Извршен Директор на Центарот за локален развој.

IPARD Програмата на ЕУ всушност претставува 5-та компонента од IPA програмата која нуди финансиска поддршка за земјите каднидати за ЕУ. Оваа нова програма ги заменува досега постоечките програми како: CARDS (наменета за земјите од Западен Балкан) и ISPA, SAPARD i PHARE (за досегашните каднидати за ЕУ).
Поделена е на 5 компоненти и тоа:
•Компонента 1 – Институционален развој (јакнење на административен и судски капацитет);
•Компонента 2 – Преку-гранична соработка (Хармоничен и избалансиран развој со земјите членки);
•Компонента 3 – Регионален развој (транспорт, животна средина, регионална конкурентност (иновации и претприемништво, ICT, социјална инфраструктура));
•Компонента 4 – Развој на човечки ресурси (социјалната инклузија, образование и обука (доживотно учење) и активен пазар на трудот;
•Компонента 5 – Рурален развој (подготовка за програмите на ЕУ за рурален развој, креирање на земјоделска политика на Заедницата);
Петтата компонента се издвојува како посебна програма која носи наслов IPARD и се однесува за пред-пристапни средства за одржливо земјоделие и рурален развој. Посебен акцент се става на изготвување на заедничка земјоделска политика и сродните политики и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој. За таа цел, изготвена во форма на Национална стратегија за рурален развој (IPARD програма) 2007 – 2013 година. Иституции задолжени за имлементацијата на оваа програма се Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство преку Секторот за рурален развој и Владината Агенција за IPARD, во соработка со Националниот IPARD мониторинг комитет.
Во рамките на оваа програма ќе се финансираат земјоделски проекти за кои ќе се бара учество од 50% од поднесителот на проектот а останатите средства односно 50% ќе бидат финансирани од IPARD програмата.
Презентација за IPARD од предавањето (pdf) >>
Фото-галерија од предавањето >> |