homepage contact
     
     

 

ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
 

Ова беше мотото на акцијата која беше организирана по повод големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата беше иницирана од група граѓани, која беше поддржана од голем број јавни личности во Македонија, владини институции и невладини организации. На 12 март 2008 под мотото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ преку 200 000 граѓани од Република Македонија излегоа на предвидените локации и засадија повеќе од 2 000 000 дрва.

Целата акција се одвиваше на 30 пунктови кои покриваа 52 локации за пошумување. За сите граѓани кои сакаа да учествуваат во акцијата имаше организиран превоз до определените локации. Во пошумувањето учествуваа ученици, студенти, професори, јавни личности, градоначалници, политичари, спортисти, пензионери итн.

Центарот за локален развој - ЦЕЛОР, во целост ја поддржа оваа граѓанска иницијатива и со свој претставник беше дел од Иницијативниот Одбор на оваа иницијатива.

Фото галерија од пошумувањето во Радовиш

   
Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани