
|
Во периодот од 22 до 24 ноември 2007 година во х. Макпетрол Струга, се одржа 6-та Годишна средба на здруженија на граѓани кои работат на полето на животна средина и одржлив развој. Темата на оваа годишна средба беше „Лобирање и застапување во областа на животната средина и одржливиот развој“.

Оваа средба беше во организација на Македонски зелен центар (МЗЦ) од Скопје и Центарот за локален развој (ЦЕЛОР), со финансиска поддршка од Британската Амбасада во Скопје, УНДП како долгогодишен поддржувач на овие средби и ГЕФ Програмата за мали грантови. Како поддржувачи на овогодинешната средба се исто така Министерство за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за Европски прашања при Владата на Република Македонија, Милиеуконтакт Интернатионал и организациите членки на Македонскиот зелен центар (Биосфера, Еко.Нет, Еко-Свест, ИО Крсте Јон, Коцка и Проактива).
На средбата беа присутни околу 80 учесници, и тоа претставници од околу 40 здруженија на граѓани од Р. Македонија, претставници на релевантните владини институции (Министерство за животна средина и просторно планирање, Секретаријат за Европски прашања, Канцеларија на Европска Комисија во Македонија, ЕУ – Делегација на Европската комисија).

Целта на средбата беше да се одреди и да се дефинира дејствувањето на македонското еколошко движење во периодот 2008 – 2010 година, да се соединат напорите и енергијата на национално ниво со што би се зголемило влијанието и видливоста на еколошките организации во процесот на евроинтеграцијата, придонесот кон заштитата на животната средина и одржливиот развој.
Во овие три дена се работеше на пет работилници, предложени од организаторот и учесниците и беа донесени донесени препораки и заклучоци.
Работните групи беа следните:
Пристап до ЕУ фондови
Воведничари:
Г-ѓа Снежана Манчева – СЕП при Влада на Р. Македонија
Г-ца Андријана Славковска – Еко-свест, (МЗЦ)
Опис: Воведниот дел беше даден од претставник Секретаријатот за Европски Прашања при Владата на Република Македонија и претставник на МЗЦ, а потоа учесниците/членови на здруженијата на граѓани дискутираа за можностите за искористување на овие фондови и изработија план на активности кои ќе бидат превземени во следниот период.

Заклучоци, препораки и насоки од 6-та Министерска Конференција Воведничар:
Г-ца Билјана Стевановска – ОРТ
Опис: Министерската конференција се одржа на почетокот на месец Октомври 2007, на која свое учество зема и делегација од Македонија предводена од Министерот за животна средина и просторно планирање, како и претставници на еколошките невладни организации.
Воведен дел во оваа работна група беше даден од член на здружението ОРТ, кој беше присутен на истата. После тоа учесниците/членови на здруженијата на граѓани дискутираа за можностите за претставување на следната Министерска Конфернција и изработија план на активности кои ќе бидат превземени во следниот период.

Климатски промени и одржлив развој
Воведничари:
Г-дин Димитрија Сековски (УНДП)
Г-ца Марија Јанковска (МЗЦ)
Опис: Климатските промени стануваат се поактуелна светска тема, проблемите со климатските промени веќе постануваат видиливи за светската популација. Што може и треба да превземат македонските здруженија во таа насока. Воведниот за оваа работна група беше презентиран од претставник од Македонски Зелен Центар и претставник од УНДП , а потоа учесниците/членови на здруженијата на граѓани дискутираа за можностите за постигнување на одржлив развој и изработија план на активности кои ќе бидат превземени во следниот период.

Можности и насоки за соработка со Парламентарната зелена лоби група
Воведничари:
Г-дин Столе Георгиев – Координатор на проектот(МЗЦ)
Г-ца Андријана Славковска
Опис: Македонскиот зелен центар со поддршка на Британската Амбасада во Скопје, од месец април 2007 започна да го реализира проектот “Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“. Главната цел на проектот е да се основа парламентарна лоби група која ќе се се бори за поставување на темите за животна средина и одржлив развој на највисока политичка агенда во Македонија односто во Собранието на РМ. Исто така треба да се подобри соработката со здруженијата на граѓани и членовите на Парлаемнтот.

Финансирање на активностите на граѓанските здруженија
Воведничар:
Г-дин – Златко Самарџиев
Опис:
Во рамките на Шестата годишна средба имаше посебна работилница на тема "Формирање на Платформа за соработка помеѓу корисниците на грантови од ГЕФ ПМГ Македонија: анализа на минати/сегашни резултати и препораки за идно стратешко планирање на ГЕФ ПМГ Македонија".
Работилницата во рамките на Шестата годишна средба на еколошки организации е организирана од Центарот за локален развој - ЦЕЛОР со финансиска поддршка од ГЕФ ПМГ Македонија која ги има следниве цели:
- Презентирањe на досегашнато дво-годишно спроведување на ГЕФ ПМГ во Македонија,
- Да се соберат научените лекции и искуства,
- Недостатоците и проблемите при спроведувањето на проектите финансирани во рамките на програмата,
- Потенцирање и промовирање на постигнатите резултати,
- Можноста за соработка или надополнување на програмата со други програми од други организации кои имаат иста цел да го зајакнат граѓанското општество и заштитата за животната средина – Зелена Агенда на Милиеуконтакт Интернационал
Како и препораки и заклучоци за натамошното реализирање на ГЕФ ПМГ во Македонија.

Фотогалерија од настанот >>
Извештај од настанот >>
|