Како продолжение на активностите од проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија - Издавање на Б интегрирани еколошки дозволи“ на 31 октомври во Скопје се оддржа еднодневна обука за службениците во Општините партери на проектот задолжени за прашања од областа на животна средина. Исто така во првата половина од месец ноември односно на 13 и 14 номври се организираа одделни состаноци со претставниците на локланите оператори сопственици на инсталации за кои се потребни интегирани еколошки дозволи.
Еднодневна обука за службениците во Скопје
Со цел да им се даде поддршка на ЕЛС партнери во проектот, во процесот на издавање на Б-интергирани еколошки дозволи, еднодневна обука беше организирана за службениците во Локалните Самоуправи за организационата поставеност на службите за животна средина при општините (администрирање на барањата за Б еколошки дозволи, управување со службата, регистар на инсталациите, прибирање на релевантна правна и техничка документација. Исто така на овој состанок беше презентиран Прирачникот за Постапката и Процедурата за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола.
Обуката беше поделена во две сесии:
Сесија 1 - Главни процедури и постапки за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи, презенитрање на содржината и темите од Прирачникот за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи;
Сесија 2 - Организациона поставеност на Службата за животна средина при Општината за администрирање на процесот на издавање на Б интегрирани еколошки дозволи;

Состаноци со локалните оператори сопственици на инсталации
На 13 и 14 ноември 2007 беа организирани состаноци со локалните оператори соспственици на инсталации кои се обврзани да поседуваат интегрирани еколошки дозволи за нивните активности. Ваквите состаноци беа во организација на Општините партнери во проектот, како придонес во проектните активности а тимот ЦЕЛОР ги презентираше новите законски задолженија кои произлегуваат од Законот за животна средина и ги запозна присутните со постапката за добивање на Интегрирана еколошка дозвола. На овие одделни состаноци присуствуваа преку 80 претставници на операторите (фирмите) сопственици на инсталации за кои е потребна интегрирана еколошка дозвола. Цели на овие состаноци беа:
- Запознавање на операторите со новата законска регулатива за животна средина и барањата на ЕУ;
- Запознавање на операторите со нивните нови задолженија кои произлегуваат од Законот за животна средина и подзаконските акти за Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето (ИСКЗ);
- Процесот и пристапот за добивање на еколошка дозвола;
Фото-галерија од настаните>> |