homepage contact
     
     

 

Три-дневна обука за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи

 

Во рамките на проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија - издавање на Б - интегрирани еколошки дозволи” финансиски поддржан од Владата на Кралството Норвешка – Амбасада во Република Македонија, Центарот за Локален Развој во периодот од 2 до 4 јули 2007 година ќе организираше обука на тема “Обука за службениците од Општините задолжени за прашања од областа на животната средина“. На оваа обука земаа учество по двајца претставници од Општините партнери на проектот Општина Гостивар, Тетово, Радовиш, Струмица, Берово и Виница.

Главната цел на оваа обука беше да се подготват стручните лица во Локалните Самоуправи за оценување на барањата за добивање на интергрирани еколошки дозволи / дозволи за усогласување со оперативни планови, преговарање околу оперативните планови и издавање дозволи. На обуката посебен акцент се стави на практичните аспекти од процесот на издавање на дозволите со примери и вежби, а се со цел полесно совладување на релативно сложената процедура за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи.

 

 

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани