homepage contact
     
     

 

Дво-дневна обука за претставниците на Граѓанските Здруженија од Радовиш

Согледувајки го фактот дека во Општина Радовиш невладиното граѓанско движење е на многу незавидно ниво, односно граѓанскиот сектор не е активен и дека граѓаните се доста пасивни во нивниот придонес кон економскиот, социјалниот и културниот развој на Општина Радовиш. Здружението на граѓани “Чекор Напред“ од Радовиш во соработка со ЦЕЛОР и Општината Радовиш ја покренаа иницијативата за мотивирање на граѓаните да дадат свој личен придонес кон подобрување на условите на живот за сите граѓани во заедницата.

Неколку битни причини се детектирани како основни проблеми заради слабиот развој на Невладниот Сектор во Општина Радовиш:

  1. Мал број на Невладнини Организации:
  2. Недостаток од финансиски средства за Невладиниот Сектор;
  3. Немање на филантропска навика кај локалното население за да се подржуваат активностите на невладини организации;
  4. Неинформираност на локалнотo население за значењето на граѓанското движење во заедницата:
  5. Недостиг од соодветен кадар итн.

Но еден од главните проблеми кои ги забележавме во невладниот сектор во Радовиш е немањето на соодветно знаење на членовите на НВОите за управување со невладнина организација.

Од тие причини Здружението на граѓани “Чекор Напред“ како ново-основана организација согледувајки ја потребата за стекување со стручно знаење кое треба да помогне за правилно организирање и управување со активности на локалните организации ја организираше обуката за претставниците на Локалните НВОи во Радовиш.

Цели на Обуката:

  1. Градење на капацитетот на локалните невладни организациите за одржливо функционирање;
  2. Градење на капацитетите на членовите на невладнините организации за нивно активно вклучување во придонесот кон локалниот развој на Радовиш.

Очекувани Резултати

  1. Учесниците на обуката ќе се стекнат со основните познавања за работата на НВОи;
  2. Стекнување со знаење за планирање, пишување имплементација и оценување на проекти (Project Cycle Management)
  3. Стекување со презентациски и комуникациски вештини;
  4. Управување со ресурсите на организацијата (Човечки, финансиски и материјални);

Обуката беше реализирана во периодот од 23-24 јуни 2007година, во просториите на Градската Библиотека во Радовиш. На обуката присуствуваа околу 25 претставници на неколку НВОи од Радовиш. Темите на обуката беа: вовед во граѓанското движење, градење на тимови, организациско управување, комуникации и презентациски способности и управување со проекти (проектен циклус). Предавач на обуката беше г-дин Столе Георгиев - Извршен Директор на ЦЕЛОР.

Фотогалерија од обуката >>

 

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани