homepage contact
     
     
АКТИВНОСТИ И НАСТАНИ

 

На 18 март 2008 година, во просториите на Општина Радовиш Центарот за Локален Развој - ЦЕЛОР имаше презентација за Програмата на ЕУ за поддршка на земјите кандидати во сферата за земјоделието IPARD. На предавањето прусуствуаа околу 20-тина земјоделци од Општина Радовиш и Општина Конче.

 


Ова е мотото на акцијата по големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата е иницирана од група граѓани, на чело со оперскиот пејач Борис Трајанов. Во рамки на оваа големата акција под мото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, на 12 март 2008 год. ширум земјата беа засадени над 2 000 000 садници. Бројката на садници го симболизира вкупното население во Македонија.

 


Шестата Годишна средба на здруженија на граѓани кои работат во полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој се одржа во периодот од 22 до 24 ноември 2007 година во хотел “Макпетрол“ Струга. Главната тема на овогодишнава средба е “Лобирање и застапување во областа на животната средина и одржлив развој“ на која ќе имаат можност да присуствуваат и дискутираат на едно место,  претставници на здруженија на граѓани, претставници на министерството за животна средина и просторно планирање, политичари, новинари итн.

 


Како продолжение на активностите од проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија - Издавање на Б интегрирани еколошки дозволи“ на 31 октомври во Скопје се оддржа еднодневна обука за службениците во Општините партери на проектот задолжени за прашања од областа на животна средина. Исто така во првата половина од месец ноември односно на 13 и 14 номври се организираа одделни состаноци со претставниците на локланите оператори сопственици на инсталации за кои се потребни интегирани еколошки дозволи.

 


Во периодот од 24 август  до 10 септември 2007 во Виничне (близина на Братислава, во Словачка) се одржа меѓународниот курс “ Соочување на младите за одржлив развој – Youth Encounter on Sustainability “ на кој земаа учество 35 учесници од 26 земји од светот. Целта на овој курс беше да се донесат на едно место различни учесници од различни заедници и да се направи една група од идни “лидери“ (најчесто млади интелектуалци со различни професии) кои заедно ќе учат,  дискутираат и дебитираат на поставени теми и задачи и ќе ја промовираат филозофијата на одржливиот развој кога ќе се вратат во своите средини на живеење.


Во рамките на проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија - издавање на Б интегрирани еколошки дозволи” финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка – Македонија, Центарот за Локален Развој во периодот од 2 до 4 јули 2007 година организираше обука за службениците во Локалните Самоуправи задолжени за прашања од областа на животната средина на тема “Издавање на Б интегрирани еколошки дозволи“. На оваа обука присуствуваа по двајца претставници од општините партнери на проектот: Општина Гостивар, Тетово, Радовиш, Струмица, Берово и Виница.

 


Центарот за Локален Развој во соработка со Здружението на граѓани “Чекор Напред“ од Радовиш во периодот од 23 до 24 јуни 2007 година, организираше дводневна обука за “Потикнување на развојот на НВО секторот во Радовиш“. Обуката се оддржа во просториите на Градската Библиотека во Радовиш, на која присуствуваа околу 25 учесници претставници на НВОи од Радовиш.


Посета на општините Гостивар, Тетово, Радовиш, Струмица, Виница и Берово
Во рамките на проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија - издавање на Б интегрирани еколошки дозволи” , проектниот тим на ЦЕЛОР имаше официјални посети на општините партнери во проектот. Домаќини на овие состаноци беа Градоначалниците и лицата задолжени за прашања од областа на животната средина. Целта на овие состаноци беше партнерите во проектот да бидат запознаени со планираните проктни активности, очекуваните резултати и придонесот на општините кон проектот. Исто така проектниот тим имаше можност да се запознае со работата и проблемите со животната средина на локалните самоуправи.

На 21 мај 2007 година Амбасадата на Кралството Норвешка и Центарот за Локален Развој ЦЕЛОР потпишаа Договор за финансиска подршка на проектот “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија – Издавање на Б интегрирани еколошки дозволи“, како дел од програмата на Мали Грантови на Норвешката Амбасада. Главната цел на проектот е градење на капацитетите на Локалните Самоуправи во процесот на институционално и организациско поставување за давање на услуги од управувањето со животната средина како нова надлежност на општините во процесот на децентрализација и Законот за животна средина.

 
Потпишан Меморандум за соработка и поддршка на локалниот развој во Радовиш

Центарот за локален развој и Општина Радовиш потпишаа “Меморандум за соработка и поддршка на локалниот развој“. Официјалниот документ беше потпишан од страна на г-дин Роберт Велков - Градоначалник на Општина Радовиш и г-дин Столе Георгиев – Извршен Директор на ЦЕЛОР.

Главната цел на овој документ е да се воспостави партнерство помеѓу ЦЕЛОР и Општина Радовиш за давање на взаемна поддршка и помош во изготвувањето и имплементирањето на заеднички проекти, планови, програми и активности кои ќе го промовираат и поддржуваат локалниот одржлив развој во Општина Радовиш.

Powered by:
Copyright 2006-2008© CELOR, сите права се задржани